| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендиран наставникот што претепа ученик со дрвен стап

Наставникот кој пред два дена со дрвен стап натепал ученик во основното училиште „Живко Брајковски“ е суспендиран додека не се расчисти случајот, велат во општината Бутел.

– На 8 мај 2018 година, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и Одделението за јавни дејности, беа известени за физичко малтретирање на ученик од страна на наставник во основното училиште „Живко Брајковски“. Помошник-директорот и педагогот на училиштето веднаш го информирале родителот на ученикот и го повикале во училиштето. Извршен е разговор со ученикот, родителот и наставникот. По разговорот, родителот го однел ученикот во здравствена установа, каде што е извршен преглед и е утврдено дека ученикот има видливи повреди. По извршениот преглед, по службена должност лекарот го пријавил случајот во МВР од каде што ги посетиле родителот и училиштето за прибирање информации и изјави од службите и од одговорните лица – велат од Општината Бутел.

МВР потврди дека настрадал 13 годишен ученик, кој со стап бил тепан од неговиот учител, а како што дознаваме. Тепачот бил наставник по албански јазик и книжевност.

Од Општината додаваат дека согласно Законот за основно образование и Законот за работни односи, раководниот орган на основното училиште истиот ден донел одлука за суспензија на наставникот до конечното решение, а според мислење на дисциплинска комисија, конституирана на седница на училишниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top