По бројните шпекулации кои беа објавени во медиумите за иднината на Роберт Левандовски, сепак од клубот велат дека полскиот напаѓач ќе остане на „Алијанц“ арената во Минхен. Навивачите денес ги смири главниот оперативец на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге кој што јасно порача дека Левандовски останува.
– Нема потреба било кој да се грижи за односот помеѓу Левандовски и Баерн Минхен. Тој е сосема добар и коректен, изјави Карл-Хајнц Румениге и додаде:
– Знаеме што имаме во Левандовски и среќни сме што имаме долгорочен договор со него. Нема место за грижа, тој и следната сезона ќе игра во Баерн Минхен, порача Румениге.
Роберт Левандовски има договор со Баварците до 2021. година. Оваа сезона во Бундес лигата настапи на 29 натпревари и постигна исто толку погодоци, а на своето конто има и една асистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст