
Второпласираниот тим во шпанската Примера се подготвува за можното заминување на нивниот најдобрар фудбалер, Антоан Гризман, кој веќе подолго време се поврзува со Барселона. Како една од опциите за негова замена се споменува Серхио Агуеро кој според Радио Марка, веќе имал разговори со „атлети“.
Според медиумот, контактите веќе се воспоставени и Аргентинецот не ја отфрлил можноста да се врати од Манчестер во Мадрид. Како замена за Гризман се споменуваше и Единсон Кавани, кој е желба на Симеоне и со кого исто така е воспоставен контакт преку соиграчите од репрезентацијата Хименез и Годин.
Аргентинецот замина во Манчестер Сити за 45 милиони евра во 2011 година токму од Атлетико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


