Сечење на две повеќегодишни дрвја рано утринава ги разбуди жителите на скопската општина Карпош, кои стравуваат дека на тоа место ќе никне висококатница. Од Општина Карпош велат дека се исечени две тополи, а дека налогот го издал Град Скопје.
„Во Општина Карпош, по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ исече две тополи. Ова е сторено по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва“, се вели во соопштението на Општина Карпош. Оттаму велат дека на постоечката локација не е предвидена изведба на каква било инфраструктура или градежни активности.
На фејсбук страната на граѓанското здружение „Заедно за заштита на зеленилото на Карпош“ е објавено решението, со кое градоначалникот на Скопје одобрува да се исечат седум дрва и да се искастрат 21, во паркот лоциран помеѓу улиците „Волгоградска“ и „Љубљанска“. Одлуката за сечење на дрвата била донесена поради нивна старост и кршливост, заради што тие утврдиле дека постои опасност да паднат и повредат некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


