Полицијата уапсила четворица Косовци кои ја снимале касарната во Тетово, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 16.20 часот на улицата Фуштанска четири непознати лица со автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Откако реагирало обезбедувањето на касарната, лицата избегал, а случајот бил пријавен во полицијата.
Полициска патрола во 17.45 часот на регионалниот пат Тетово- Јажинце, кај село Глоѓи, го сопреле „голфот“ во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово. Четворицата биле приведени во СВР Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст