| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец приведен вчера: Го застанале за сообраќајна контрола, им се заканил на полицајците и избегал

Вчера во 15.05 часот пред угостителски објект на бул. „Маршал Тито“ во Тетово, при редовна сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.К. (38) од с.Голема Речица.

Полициските службеници му побарале возачка и сообраќајна дозвола и тој почнал да им се заканува, по што избегал со возилото. Полициските службеници презеле мерки и активности и набргу го пронашле и привеле Ш.К. во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top