| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата продолжи да казнува за ноќните трки со мотори во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, ” Христијан Тодоровски Карпош”, “Цветан Димов”, “Митрополит Теодосиј Гологанов” и булеварите “Јане Сандански”, ”Партизански одреди” и “Србија”.

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19.00 до 01.00 часот на 09. и 10.05., беа извршени контроли и беа преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци).

Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица “Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top