| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец излетал од патот и удрил во сообраќаен знак кај железничката станица, починал на лице место

Вчера околу 15.35 часот на ул. „Железничка“ во Штип, во близина на влезот од железничката станица, Г.К. (67) од с. Сарчиево, штипско, управувајќи патничко возило „Пежо Партнер“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак, по што починал.

Смрт била констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top