| четврток, 6 декември 2018 |

Млада манекенка пронајдена мртва во креветот на 41-годишен лекар

Обдукцијата покажала дека покрај екстази и кокаин, во нејзиниот организам имало и фентанил и Ксанакс.

Младата манекенка, 18-годишната Олја Лангил, била пронајдена мртва во креветот на 41-годишниот лекар, откако се предозирала со екстази и кокаин, објавила полицијата.

Телото на младата жена било откриено во Форт Лодердејл на Флорида, во станот на Навал Парик, инаку лекар од Итна помош. Обдукцијата покажала дека покрај екстази и кокаин, во нејзиниот организам биле пронајдени фентанил и Ксанакс. Според извештајот од полицијата, причината за смртта е ненамерно предозирање.

“Слушнав дека ‘хрчи”

Лекарот во чиј стан било пронајдено телото им рекол на полицајците дека со Олја имал сексуален однос откако се запознале во спортскиот бар “Blondies” кон крајот на март. Испиле неколку пијалаци и отишле во неговиот стан, каде консумирале кокаин, пушеле марихуана и стапиле во доброволен сексуален однос.

Парик на полицијата и кажал дека после тоа заспал и подоцна се преместил на каучот во дневната соба. Лекарот изјавил дека во 3:00 часот наутро ја слушнал тинејџерката како ‘хрчи. Кога се разбудил во 9 часот наутро, ја пронашол без свест и повикал 911.

Полицискиот службеник на местото на несреќата пронашол мали кеси, во кои имало кокаин и хероин. Покрај тоа, на комодата во спалната соба пронашол и наргиле.

Иако полицијата смета дека нема причина да се сомнева дека смртта на младата жена била насилна, нејзиното семејство и пријателите не се сигурни во тоа. Во објавата на Фејсбук профилот на починатата стои молба до сите кои биле во контакт со Олја, да се јават на нејзиното семејство.

“Таканаречениот доброволен сексуален однос не бил доброволен и ги молиме сите што имаат пораки во кои таа бара помош или било каква друга информација да ни се јават. Како и било кој друг кој таа вечер бил на забавата. Благодариме”, пишува во објавата.

Пријателката на нејзината мајка, Лесли Максон, вели дека е чудно што Олја починала во станот на лекарот.

“Тој бил одговорен да се грижи за неа и да води сметка дека се е во ред”, рекла таа.

Лекарот по инцидентот се вратил на работа во болницата. Откако полицијата ја известила управата на болницата што се случило, била договорена замена на пациентите на др. Парик.

“Овие обвиненија ги сфаќаме многу сериозно, поради што организиравме алтернативна замена за неговите пациенти, додека не се заврши истрагата”, порачале во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top