Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули – Денот на независноста, упати честитка до Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. Ви ја пренесуваме интегрално честитката:
Почитуван господине Претседателе,
Дозволете ми, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви посакам, Вам и на пријателскиот американски народ, среќен Четврти јули. Остварувањето на неотуѓивите права „живот, слобода и потрага по среќа“, стана инспирација за многу генерации, ширум целиот свет, да ги бараат и да ги остваруваат овие права.
Господине Претседателe, задоволен сум од досегашното ниво на македонско-американски односи и соработка, и во овој свечен момент за Соединетите Американски Држави, би сакал да изразам очекување за натамошно продлабочување на пријателството меѓу нашите две држави.
Потсетувајќи се на мислата на Абрахам Линколн дека „секоја куќа поделена против себе не може да опстане“, би сакал да Ве уверам, господине Претседателe, дека Република Македонија, нејзиниот народ и натаму остануваат посветени на партнерството со Вашата голема нација, партнерство за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот. Инспирирани од овие споделени вредности, остануваме сосредоточени за постигнување на целта – Македонија како рамноправна членка на европското и евроатлантското братство на народи. Ја користам оваа можност, господине Претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите стратешки цели, но и да искажам увереност дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за доброто на нашите деца.
Со желби за Ваш личен, и на американскиот народ, успех и благосостојба, дозволете ми да Ви упатам, господине Претседателе, изрази на највисока почит.
д-р Ѓорге Иванов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!