| четврток, 6 декември 2018 |

Што има да каже жената која ни ја оплескува секоја Евровизија

Мери Попова, шефица на нашата евровизиска делегација, во изминативе шест години, за кои ниту еднаш не влеговме во финале, по вчерашниот неуспех е недостапна за медиумите, a на социјалните мрежи кружи  нејзината единствена изјава дадена за МРТ,  пишува Либертас:

-Евровизија е проект во кој што навидум правила не постојат. Понекогаш е потребна само песна, многу често влијае и геополитичката положба на земјата, понекогаш е пресуден сценскиот настап за повисок пласман, а многу често визуелната презентација и од корен го менува првобитниот впечаток за песната и тука сме сведоци дека некои песни добиваат на вредност со визуелниот перформанс. Во секој случај, едно нешто е сигурно, за да се биде конкурентен на најгледаниот телевизиски спектакл, којшто секоја година ги надминува светските технолошки остварувања потребни се огромни финансии, а нашиот буџет за реализација на овој проект, иако во македонската јавност често се коментира како огромен, сепак во споредба со останатите држави е меѓу најмалите. Факт е дека изминатите неколку години впечатокот за Македонија на Евровизија е променет во насока на тоа дека нашата земја нуди навистина квалитетни композиции, но сметам дека треба да се вложи многу повеќе во севкупното претставување на Македонија на Евровизија, од аспект на сценски настап, промотивна кампања на песната и маркетинг. Не можеме да очекуваме спектакуларен резултат во услови кога севкупниот евровизиски проект на Македонија, чини помалку дури и од употребените пиротехнички ефекти на некои од земјите учеснички на изборот, но и со оние услови со коишто располагаме секој член од делегацијата се вложи максимално, за да го извлечеме најдоброто од овој проект – изјавила за МРТ Попова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top