| четврток, 6 декември 2018 |

Избран најстариот премиер на светот – на 92 години собори 60-годишен режим

Коалицијата на опозициски партии во Малезија, на чело со поранешниот премиер на земјата Махатир Мухамед (92) освои мнозинство на парламентарните избори во земјата и со тоа го заврши 60=годишното владеење на коалицијата Барисан насионал (БН).

Според официјалните резултати од изборите, опозицијата обединета под слоганот „Сојуз за надеж“ освоила 112 мандати потребни за формирање мнозинство во парламентот.

Сојузот за надеж го победил премиерот Наџиб Разак, чија репутација е расклатена по корупциски скандал.

Овие избори се најследените избори во историјата на Малезија, а 92-годишниот Мухамед се враќа од пензија за да се трка со поранешниот штитеник, премиерот Наџиб Разак, вмешан во корупциски скандал.

Махатир изјавил дека ќе положи заклетва за премиер и така ќе стане најстариот премиер на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top