| четврток, 6 декември 2018 |

Профеорот ќе умре утре пеејќи ја „Одата на радоста“

Австралискиот научник Дејвид Гудал (104), кој допатувал во Швајцарија за да му биде извршена евтаназија, денеска одржа прес-конференција, на која истакна дека го изненадил интересот за неговиот случај.

-Ги губам способностите и видот, не сакам веќе да живеам на овој начин, рекол пред новинарите.

На прашањето дали барем малку се посомневал во својата одлука, одговорил одречно.

-Се надевам дека ќе произлезе нешто позитивно од мојата приказна и дека другите земји ќе усвојат полиберален поглед на потпомогнатото самоубиство, рекол.

На новинарското прашање која песна ќе ја избере за последна, Гудал одговорил пеејќи ја „Одата на радоста“ од Деветтата симфонија на Бетовен.

Евтаназија значи „добра смрт“ – сакам да умрам достоинствено, а не да имам 104 години

Тој е еден од двестате странци кои секоја година се решаваат да извршат евтаназија во Швајцарија. Минатата година на 104 роденден изјавил дека се решил на овој чекор зашто квалитетот на неговиот живот се влошол и е се помалку подвижен.

-Среќен сум што ја имам оваа шанса, која ја нареков швајцарска опција. Би сакал Австралија да му ја понудеше оваа опција. Сепак, другите земји заостануваат зад Швајцарија.

Тој изјави дека веќе е неспосбен да се грижи самиот за себе и дека повеќето негови пријатели веќе се умрени.

-До 90 години уживав во животот, но не и сега. Моето помина. Направив најдобро што можев со животот. Среќен сум што утре ќе го завршам ова и благодарен сум им на медицинските работници за помошта, рекол научникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top