| четврток, 6 декември 2018 |

Шпалиров сега не ви пречи? Царовска пречекана во градинка во Прилеп со деца простум и „гриоте“

Деца построени во шпалир, со чоколадни бонбони во рацете ѝ приредија свечен пречек на министрката за труд и социјална политика Мила Царовска во градинката во основното училиште „Рампо Левката“ во Прилеп.

Фотографиите објавени на официјалната страница на министрката на Фејсбук покажуваат непријатна слика – дечињата се многу мали, збунети, а десетина полтронски погледи вперени во нив им создаваат притисок да ја одиграат улогата како што треба и да не ги посрамотат пред важниот гостин.

Со ваквиот однос на училиштето-домаќин направени се неколку прекршоци, за кои родителите на децата можат да поднeсат тужба против установата: 1. злоупотреба на децата во политички цели 2. загрозување на најдобриот интерес на детето 3. дискриминација 4. нарушување на правото на квалитетно образование.

Пред две години први септември го одбележаа бурни рекации за шпалирот од деца организиран за пречек на тогашниот премиер Никола Груевски и неговата постара ќерка првоодделенка. Загришените борци за правата на се и сешто реагираа гласно и сликата ја нарекоа понижувачка, а укажаа на тоа дека со такви слики нема основни услови за градење на демократска држава.

Две години подоцна загрижените никаде ги нема… За жал, нема ниту демократска држава, ниту се заложија за правата на децата.

Борци без образ, а со двојни аршини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top