Функцијата директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје веќе неколку месеци ја извршува Салија Љатиф, која по професија е стоматолог. Секретарката на Геријатрија, Фетије Сефер, потврди дека Љатиф по професија е стоматолог, но рече дека е нова и нема дополнителни информации.
Министерството за здравство, во врска со стручноста на Љатиф за да ја извржува функцијата директор, засега не коментира.
Неофицијално пред оваа висока позиција таа работела како забен техничар во ноќна служба во поликлиника Битпазар, и нема ни ден работно искуство со високо образование, дознава „Нетпрес“.
Љатиф претходно била локален медијатор во рамки на проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот”, имплементиран од Женска граѓанска асоцијација – АНТИКО од Скопје и CARE – Deutschland/Luxemburg e.V, финансиран од Европската унија. Во ИРИЗ работела како проектен координатор на проектите Медицински стипендии за Роми (RHSP), компонента застапување и медиумска промоција, финанисиски поддржани од OSF и REF, имплементирани од ФООМ и „Политики за претприемништво во Република Македонија за надминување на другоста кај Ромите”, имплементирани од Центарот за економски анализи – ЦЕА во Скопје и ИРИЗ.
Потекнувам од просечно Ромско семејство, а мотивација да се запишам беше љубовта да се помага на луѓето и да се грижам за нивното здравје. Хуманоста и сочуствителноста ме натераа да се запишам и да станам доктор. После дипломирањето, мотивацијата да се помогне на Ромската заедница ме натера да работам во невладиниот сектор, четири години се посветив на здравствена едукација и подигање на свеста во делот на здравството кај Ромската заедница во општина Шуто Оризари“, раскажува Салија Љатиф, дипломиран лекар по општа стоматологија и стипендист на Програмата за медицински стипендии за Роми (РХСП), во едно претходно интервју.
На страницата на Геронтолошкиот завод е објавена нејзината визија, но во однос на биографијата нема многу да се прочита:
Јавната здравствена установа Геронтолошки завод „13 Ноември“–Скопје е специјализирана здравствена установа, која ја спроведува здравствената заштита од областа на геријатриска и палијативна медицина и е единствена од ваков вид во Република Македонија. Располага со четири објекти (геријатрија, два хосписс во Скопје и во Битола, и домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани).
Мојата примарна цел е овозможување континуирана квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти од областа на геријатриска и палијативна медицина.
Покрај тоа, во наредниот период ќе се стремиме кон раст и развој на институцијата и зголемување на квалитетот на давање здравствени услуги од областа на геријатриска и палијативна здравствена заштита на пациентите во болничкиот дел, како и за развој на амбулантите со воведување нови методи и се поголема отвореност кон надворешните пациенти.
За реализација на мојата визија планирам спроведување на следните приоритени активности:
Развој на центри за палијативна грижа на територијата на Република Македонија – во моментот ваков тип на центри за палијативна грижа единствено постојат во Скопје и во Битола, во рамки на нашата установа. Состојбата во практика налага да се отворат регионални центри и во другите поголеми градови во земјата, како одделенија во болниците со помала искористеност на болничките капацитети. Заводот како референтен центар ќе спроведе дополнителна едукација за медицинскиот кадар ( доктори, медицински сестри, физиотерапевти), така и за натамошниот медицински кадар (болничари, негуватели) од избраните болници од Министерството за здравство.
Вклучување на вработениот медицински кадар од институцијата во едукација на идните медицински кадри.
Нашата здравствена установа располага со човечки ресурси, кои кои располагаат со огромно познавање и искуство од геријатриската и палијативната медицина. За овој факт, во соработка со Владата на Република Македонија ќе се стремиме за носење мерки за нивно активно вкулучување во едукација на идните медицински кадри на медицинските факултети во државата.
Поврзување со меѓународни институции/организации од истата област, размена на искуства, развој на научна мисла од областа на геријатарија и палијативна медицина и континуирана едукација на сите вработени.
Успешната и континуирана работа во развој на геријатриската и палијативната медицина во нашата држава ќе придонесе нашата институција да прерасне во водечки центар за геријтриска и палијативна грижа, што претставува и наша главна мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст