Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа, за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста. Осуди стигнуваат од сите страни, но истите како да не допираат до претседателот на Владата. Дури и од амбасадата на САД изразија загриженост што лица кои се на црната листа на Стејт Департентот се именуваат за функционери во власта, пишува Нетпрес.
Заев, меѓу другите оправдувања за ваквиот потег, на назначувањето на Хоџа за советник се обиде да му даде хумана димензија, па изјави дека командантот Хоџа е вработен во Владата за да заработи плата и да го прехрани своето многубројно семејство.
Но дали Заев се прашал себе си како им е на семејствата на загинатите бранители, дали нивните деца има кој да ги прехрани и школува. Како им е на родителите, сопругите, сестрите, браќата на паднатите војници и полицајци додека го гледаат Шаќири како илегува од Владата и се фали со новото работно место?, прашува Нетпрес.
Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст