Со авион „Ројал ер форс“ (Royal air force), кралската брачна двојка принцот Чарлс и војвотката Камила попладнево пристигнаа во Атина.
Од атинскиот аеродром, принцот Чарлс и војвотката Камила, се упатија кон плоштадот пред грчкиот парламент за да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Чарлс и војвотката Камила официјалната посета ќе ја започнат со посета на претседателската палата, каде што ќе бидат примени од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а оттаму ќе се упатат на средба со премиерот на Грција Алексис Ципрас.
Во вечерните часови, грчкиот претседател во чест на кралската брачна двојка ќе приреди официјална вечера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст