| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец приведен ноќеска: Со тупаници ги тепал своите родители

Ноќеска во 02.15 часот, Џ.М. (61) од Гостивар пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30).

Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.

Набрзо по пријавувањето, Х.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top