| четврток, 6 декември 2018 |

Тие можат да се справат и со најтешките проблеми – Ова се најсилните хороскопски знаци!

Стрелец
Со оглед на тоа што Стрелците живеат во сопствениот ум, тие се способни да соберат сила и да стиснат заби. Многу добро ги процесираат информациите и имаат многу разни механизми што ги користат за да се справат со стресот. Ако Стрелците се најдат во непријатна или опасна ситуација, многу лесно ќе најдат начин да се извлечат од неа. Најчесто го прават тоа без голема врева, тивко и едноставно.

Овен
Она што Овните ги прави силни е тоа што сакаат да влегуваат во опасни ситуации и да го бараат најдобриот можен начин за да излезат од нив. Тие самите си наоѓаат ментална или физичка опасност, за да ги тестираат своите способности. Тоа ги прави ментално најсилниот знак во хороскопот. Тие се неверојатно храбри, можат да преживеат сѐ и да напредуваат, а од сите неволји излегуваат посилни и поспособни.

Лав
Лавот може сѐ. Само прашајте го и предизвикајте го. Тој навистина може сѐ и тоа не е шега. Ако Лавот одлучи да направи нешто, сметајте ја работата за завршена. Лавовите имаат неверојатна ментална издржливост. Многу познати и неверојатни луѓе се родени во знакот Лав, но нивните достигнувања се повеќе ментални и научни одошто физички. Сакаат да бидат во центар на вниманието, но за да го издржат тоа внимание, свесни се дека мора да имаат голема ментална сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top