| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама гаѓан со јајца

Албанскиот премир Еди Рама вечерва беше гаѓан со јајца при излегување од објект во кој имал средба со жителите на градот Фиер.

Како што јави дописникот на МИА, засега се уште нема официјална информација за тоа кој гаѓал кон Рама, чија средба со граѓаните беше во рамки на активностите на Владата за отчетност пред јавноста.

Ова не е прв ваков случај со кој се соочува Рама. Со јајца тој беше гаѓан и пред Факултетот за социолошки науки во Тирана од група студенти кои протестираа против школарините

Неодамна врз него беа истурени брашно и вода, во собраниската сала,од страна на пратениците на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top