| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан ќе одмора седуммина првотимци за вечерашниот дуел против Севилја

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ослободи од составот седум стартери за вечерашното гостување кај Севиља во Ла Лига. Дуелот на „Роман Санчез Писхуан“ се игра вечерва од 21.30 часот.

Зидан нема да ризикува повеќе со своите главни играчи пред финалето на Лигата на шампионите на 26-ти мај, па тој им даде одмор на голманот Кејлор Навас, дефанзивциите Рафаел Варан и Марсело, Тони Крос и Лука Модриќ, како и на Герет Бејл и Кристијано Роналдо.

Севиља се уште има теоретски шанси за пласман во Лигата на Европа.

Екипата на Реал: Кико Касиља, Лука Зидан, Хесус Ваљехо; Серхио Рамос, Начо Фернандез, Ашраф Хаким, Алваро Техеро, Луисми Кесада, Каземиро, Маркос Љоренте; Марко Асенсио, Матео Ковачиќ, Даниел Себаљос, Оскар Родригез; Карим Бензема, Лукас Васкез, Борха Мајорал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top