| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да ви се верува: Што прво прашал Фергусон кога се разбудил од кома

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој вчера се разбуди од кома по операција на главата, веднаш прашал за резултатот кој го постигнал тимот на Донкастер, пишува весникот „Сан“.

Како што е познато, менаџер на Донкастер Роверс е неговиот син Дарен, а Сер Алекс беше однесен во болница со крварење во мозокот неколку часа пред да започне натпреварот од 46-то коло на Лига 1 меѓу Донкастер и Виган. Натпреварот заврши со победа од 1:0 за „латикс“.

За да мине операцијата мирно и без компликации, Фергусон беше ставен во вештачка кома. Веднаш штом ги отворил очите, прашал: „Како заврши Донкастер?“ и дури потоа прашал за неговото здравје по хируршката интервенција.

Во моментов, тој останува под медицински надзор во Кралската болница во Салфорд и во следните неколку дена ќе се одлучи како ќе продолжи со лекувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top