| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа ледено доба, но летата нема да исчезнат

Почитувани граѓани последните години сме сведоци на тоа како многу често се зборува за глобалното затоплување и како нашата држава ќе стане пустина и ќе нема живот, сето тоа е најголемата глупост што може да постои во светот и сето ова го прават за да создадат паника меѓу граѓаните низ целиот свет, вели метерологор Славчо Попоски.

Станува збор за опаѓање на глобалната температура на земјата и намалување на сончевата активност, сето ова е сосема нормално и очекувано за земјината полутопка. Станува збор за нормален циклуз низ која земјата мора да помине.

Во следните години САД како и Европскиот Континент ќе се соочуваат со значително постудени и поснежни зими и истите веќе и ги чувствуваме.

Многу луѓе умираат поради студовите во текот на зимскиот период во САД и низ Европа.

Можете да приметите дека во последните години и кај нас се зачестени продорите од северните географски широчини и токму ова е поради овој циклус.

Овој циклус ќе услови во текот на зимскиот период во следните години низ САД и Европа да се мерат екстремно ниски температури на воздухот и значителни снежни врнежи како и подолги зими.

Сепак и покрај ова доколку некаде прочитате дека летата ќе исчестат тоа нема никаква врска, летата остануваат и тоа не значи дека нема да има топли лета и екстремно високи температури на воздухот во текот на летниот период и покрај тоа што полека навлегуваме во постудениот циклус.

Овој циклус исто така може да условува и временски непогоди како и поплави и истите може понатаму да бидат и се почести како што се во последните години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top