| четврток, 6 декември 2018 |

Настапи на македонски автори во Софија

Вечерва, 9-ти Мај (среда), во рамките на седмиот меѓународен, книжевен фестивал „Ноќ на европската литература“ во организација на Чешкиот културен центар во Софија, а со партиципација на Културно-информативниот центар на Република Македонија и учество на преку дваесет и пет земји, ќе биде претставен романот „Изабела, Исмаела и Аз“ од реномираниот македонски писател, сценарист и новинар Сашо Кокаланов. Романот е преведен на бугарски јазик во 2006 година и е издаден од издавачот „Балкани“. Делови од романот пред софиската публика ќе читаат македонските актери Игор Дамјанов и Ѓорги Георгиев -Антика. Манифестацијата има огромна медиумска подршка и е мошне популарна  во софиската културна јавност, а се одржува и во десетина други градови на Бугарија.

Вечерва во рамките на „СоФест 2018 – Западни Балкани“, фестивал во чест на бугарското претседавање со Советот на Европа, македонскиот музичар и светски гитарист Влатко Стефановски заедно со Теодосиј Спасов (Бугарија), Јелена Јововиќ (Црна Гора), Васил Хаџиманов (Србија), Дритан Хакурани (Албанија) и Амар Чеслар (Босна и Херцеговина) ќе одржи концерт во познатиот Софија Лајв Клуб со почеток  од 20 часот.

Свој настап вечерва ќе има и младиот пијанист од Република Македоникја Арда Мустафаоглу во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, во организација на Министерството за бугарското претседавање со Советот на Европа и фондацијата „Димитар Бербатов“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top