| четврток, 6 декември 2018 |

Руни летово повторно го напушта Евертон?

Триесет и две годишниот напаѓач на Евертон не е задоволен од својата улога во тимот под водство на Сем Алардајс и сериозно ја разгледува можноста да замине во странство, иако има договор за уште една година со „карамелите“. Руни се уште се смета за напаѓач, додека Алардајс отворено го насочува да игра во средината на теренот, што воопшто не му се допаѓа на првиот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пишуваат дека изминативе недели разговорите меѓу претставниците на Руни и тим од американската МЛС се зачестени, па останува да се дознае каква ќе биде одлуката на играчот и дали тој ќе го следи својот поранешен соиграч Златан Ибрахимовиќ во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top