| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за скопјанец од Шуто Оризари – Со украден „Опел“ сакал да премине граница

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Р. (42) од Шуто Оризари, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Завчера околу 13.30 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“, при проверка на патничко возило „OPEL MERIVA-A“ со италијански национални ознаки, управувано од Б.Ѓ. (51) од Скопје, било утврдено дека возилото се наоѓа на листата на Интерпол за украдени возила, и е предмет на меѓународна потрага распишана преку ИНТЕРПОЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top