| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка вчера останала без автомобил: Застанала да купи сендвич во Карпош, и ја украле „Тојотата“

Синоќа околу 22.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.С. (48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 21.20 часот на ул. „Дебарца“, општина Карпош, непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки.

Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top