
Веќе четврт случај во кој повозрасни жители се измамени на ист начин е пријавен вчера во скопската полиција. Вчера во 15.10 часот во полициската станица Аеродром, В.К. (65) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот во с. Долно Лисиче непознат сторител и извршил измама во дворот од нејзината куќа.
Пред тоа и се јавил нејзиниот брат Р.В. и кажал дека запознал лице кој продавал дрва по поевтина цена. Таа се согласила да ги купи дрвата. После тоа, нејзиниот брат и непознатото лице дошле кај неа дома, но набргу заминале кон пругите кои водат кон населбата Драчево.
Откако пристигнале, непознатото лице му кажал на Р.В. да причека, а тој се вратил во куќата на неговата сестра и побарал 9 000 денари за да ги добие документите за дрва од Ј.П. „Македонски Шуми“. Таа му ги дала парите и тој заминал и не се вратил по што заклучила дека била измамена.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


