| четврток, 6 декември 2018 |

Босанците ни по хасап ни по халал: Развртеле јагниња на ражен среде Берлин, дошла полиција, пожарникари…

Германските медиуми јавуваат дека германската полиција во неделата интервенирала во еден берлиснки парк. Група луѓе на ражен печеле 12 јагниња. Ражените, како што објавила полицијата, биле приклучени на акумулатори. „Тагешпигел“ пишува дека луѓето биле со потекло од Босна и Херцеговина.

„Никој не сакаше да преземе одговорност“, рекле од полицијата. Полицијата повикала и противпожарна служба поради жарта околу јагнињата.

„Речиси 150 луѓе лежеа на ливадата, деца трчаа околу зажарените ражени. И згора на сѐ, јагнињата. Дванаесет. Се вртеа на ражените над јаглен на сонцето. Сето тоа се движеше на акумулаторска батерија“, стои во објавата на берлинската полиција.

Од полицијата додаваат дека во тој парк е дозволено да се прави скара, но не на начин на кој ја правеле Босанците, зашто со неодговорното однесување ризикувале да предизвикаат пожар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top