| четврток, 6 декември 2018 |

Манчевски: Советниците на премиерот ги бира самиот тој

Советниците на премиерот ги бира самиот тој. Нивниот број е значително намален за разлика од порано, а некои од нив се ангажирани без никаков финансиски надоместок, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу најновиот список за ангажирање на 56 советници во Владата, министерот Манчевски рече дека во овој случај воопшто не се работи за администрација, туку за советници на премиерот.

– Надоместокот којшто се договорил за Џезерир Шаќири е договорен меѓу него и Кабинетот на премиерот така што нема ниту нешто чудно во ова, ниту е тоа нова пракса.

Чета советници ќе го оправаат премиерот: Грчев, Зечевиќ, Милетиќ, Спасов, Калајџиев – сите во Влада!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top