| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката дијаспора со писмо до Коѕијас: Веднаш да престанете да ги понижувате Грците ширум светот

Неколку организации од грчката дијаспора му испратија писмо на шефот на дипломатијата, Никос Коѕијас, во кое го обвинуваат дека ги понижува Грците ширум светот и со кое бараат прекин на преговорите за името.

Во писмото се вели дека „е очигледно оти преговорите се во ќорсокак и дека нема ниту една причина за нивно продолжување“. Тие го обвинуваат Коѕиас дека веќе направил „неисториски отстапки“ со тоа што се согласил во името да стои и терминот Македонија.

– Во овој момент треба да се прекинат преговорите и да престанете да го понижувате достоинството на Грците ширум светот со вашето инсистирање да им дадете името на Македонија на Словените во Скопје, се вели во писмото.

На 11 и 12 мај ќе има нова средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунион крај Атина на која ќе присуствува и медијаторот Метју Нимиц.

Како што се најавува од Скопје и од Атина, и ако не се случи ништо непланирано, на 17 мај во Софија ќе се одржи состанок од четири очи помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top