| четврток, 6 декември 2018 |

Модата на Мет Гала (галерија)

Еден од најгламурозните настани кој го собира светскиот џет-сет, е Мет Гала, кој се одржува секој прв понеделник во мај. Од 1999 година традиционален домаќин на настанот е Ана Винтур, главната уредничката на списанието за мода „Вог“.

Уште од 1948 година првиот понеделник во мај е посветен на модните Оскари, а 70. годишнината од Мет Гала е прославена со една по малку контроверзна тема.

Религијата често била инспирација за модата, а дизајнерите често во своите колекции внесувале разни симболи и светци, почнувајќи од Џон Галијано за „Диор“, па до Жан Пол Готје за „Долче и Габана“.

„Небесни тела: Модата и католичката фантазија“ ги спои модата и религиската уметност, а на црвениот килим доминираа креации кои беа се, освен вообичаени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top