| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање вчера во скопско: Жител на Грчец застрелан со два куршуми, напаѓачот избегал

Вчера околу 10.00 часот од лекар од амбуланта Сарај било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Ј.И. (55) од с. Грчец со две прострелни рани на левото стапало.

Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с. Грчец лице од с. Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец. На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв.

Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top