| четврток, 6 декември 2018 |

Грегори Планината од „Игра на престолите“ и официјално најсилниот човек на планетата

Иако многумина повеќе го знаат како Грегори „Планината“ од популарната серија „Game of Thrones“, сепак Хафтор Јулиј Бјорсон само дел од своето време го поминува како актер.


Поголемиот дел од времето тој е посветен да ја поврати титулата што ја изгуби пред неколку години и конечно по третото и второто место на последните натпреварувања, годинава Бјорсон е и официјално најсилниот човек на планетата.

Хафтор е Исланѓанец, роден во 1988 година. Професионално се занимавал и со кошарка и со актерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top