Лиле Делиџакова од Гевгелија, сестрата на Катица Јанева, која денеска беше предложена до Собранието за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност, како предлог на Владата, демантира дека сакала да биде фризерка.
-Најостро ги осудувам написите во кој се споменува дека јас сум земала некакви пари за самовработување. Јас имам конкурирано единствено на конкурсот за избор на член на Комисијата за хартии од вредност, а никако за отворање на фризерски салон. Не знам за кое лице станува збор, но јас не сум таа што медиумите ја посочуваат, вели Лиле Делиџакова од Гевгелија, сестрата на Катица Јанева, која денеска во одредени медиуми беше посчена дека минатата година била прва на листата за добивање средства од Агенцијата за вработување за самофинансирање и отворање на фризерски салон од Гевгелија.
-Јас сум дипломиран економист од 1992 година и досега имам работено како цариник, како вешто лице и како проценител, а последниве 6, 7 години работам во Реплек АД во Одделот за финансии. Мојот жвот и мојот професинален ангажман воопшто не одат во иста насока со тоа што го тврдат медиумите, вели Делиџакова во изјава за МИА.
Сестрата на Јанева сакала да биде фризерка – ја предложија во Комисија за хартии од вредност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


