Спасувачките екипи на Косово, по деветдневна потрага во водите на Лепенец, денеска го пронајдоа и телото на вториот исчезнат полицаец, Арменд Трена. Според Специјалната единица за спасување на Безбедносните сили на Косово, телото било пронајдено попладнево на шест километри од местото на несреќата.
Претходно, на 3 мај спасителите го пронајдоа телото на полицаецот Малесор Даши (26), кое беше лоцирано на пет километри од местото на несреќата.
Двајцата полицајци, Арменд Трена (23) и Малсор Даши (26), се водеа како исчезнати од 28 април околу 21 часот кога нивното службено возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Двајцата полицајци се дел од Полициската станица Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излезот од градот кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во бездна длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст