| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски: Со таа плата Хоџа ќе ги рани децата, а ние сме лудаци, другари!

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски остро реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев за вработувањето на Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа како советник за безбедност во Владата.

„Заев го ресоцијализирал Хоџа, па каже: ‘Со таа плата ќе може да го нарани и своето многучедно семејство, така да тука има и една социјална димензија’.

-Ние сме лудаци другари“, напиша Мицковски на социјалната мрежа Фејсбук.

На тоа коментираше и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Весна Бендевска.

-А како не се сети да го стави во некоја од приватните фирми на Заев…. заради ресоцијализација мислам… општествено-одговорни фирм итд, коментираше Бендевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top