Премиерот Зоран Заев не знаел дека Лиле Делиџакова ѝ е сестра на Катица Јанева. По информацијата во медиумите дека Владата му предлага на Собранието да ја избере сестрата на Катица Јанева за заменичка на Комисијата за хартии од вредност, Заев изјави дека отпосле дознал дека тие се роднински поврзани.
-Ние само предлагаме. Собранието е тоа што ги носи одлуките. Секој граѓанин може да конкурира. Како да ѝ кажете дека нема право да конкурира ако ги исполнува усливите, одговори премиерот на новинарско прашање зошто Владата ја предлага сестрата на Катица Јанева. Јавноста е тука, слободно коментирајте ако има судир на интереси и неетичко однесување, им порача Заев на новинарите.
Во документ што е испратен од Владата и примен во Собранието на 2 мај оваа година, Владата бара Собранието да избере претседател и заменик на Комисијата кои ќе бидат професионално ангажирани и уште тројца членови кои ќе доѓаат на седници.
Комисијата за хартии од вредност треба да ја води Нора Алити, експратеничка од ДУИ, а останатите тројца предложени членови се: Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст