„Во духот на концептот едно општество за сите, не ги делам граѓаните и верувам дека секој може да помогне. Тој работи за плата со која верувам дека ќе може да го гледа неговото семејство. Жалам, што се задоцни со одговорите за ова прашање. Јас сум човек кој нема предрасуди. Верувам дека човекот може да помогне, ако се појават одредени екстремистички и радикални групи на територијата каде живее. Тој го познава теренот, а живее и во Скопје“- изјави премиерот Заев по рочиштето за „Поткуп“.
Џезаир Шакири, алијас Командант Хоџа е именуван за надворешен советник на премиерот за безбедносни прашања и радикализам.
Заев тврди дека немало претходен договор со Шакири за ослободување на Танушевци, бидејќи тоа било слободно и немало вооружени екстремистички групи. Верува дека нема ништо спорно во неговото именување, бидејќи секој може да биде именуван како советник, а Шакири и издржува многудетно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст