| четврток, 6 декември 2018 |

Протест пред Основен суд: Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско (фотогалерија)

Денеска во 13 часот пред Основниот суд Скопје 2 започна протестот на кој граѓаните побара правда за Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трповски и Борче Стевковски, лицата кои беа убиени на Смилковско езеро, на само три дена пред најголемиот христијански празник Велигден во 2012 година.

Граѓаните преку своите пароли порачаа „За правда се бориме“, „Правда за жртвите, затвор за монструмите“, а и прашаа „Колку субвенции земаа монструмите?“. Тие преку парола го прашаа и премиерот Заев дали ги сонува жртвите од Смилковско езеро.

– Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско, пишуваше на една од паролите пред Основниот суд Скопје 2. Прашањето до премиерот доаѓа откако беше објавено дека еден од ослободените за овој случај Фејзи Азири тразговарал телефонски со потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта на кој му кажал дека го сонувал момчето.

– Вечерва сонував еден многу лош сон, како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец – Ова е транскрипт од разговор кој го прочита мајката на убиениот Александар.

Инаку, ова не е прв протест на граѓаните каде се бара правда за жртвите од Смилковско езеро. Протест пред судот имаше и на 26 април, граѓаните тогаш го прашаа Заев дали спие мирно.

Тие бараат виновниците да бидат пронајдени и казнети за да не се повтори никогаш иако тоа не може да ги надомести изгубените животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top