Овен
Иако луѓето во знакот на овен се познати по своето шесто сетило, сепак може неделава да бидете во ситуации во кои ќе се двоумите за многу работи. Затоа, повикајте ги пријателите и раскажете им што ви се случува. Еден добар разговор може да реши сѐ. Подгответе се за шопинг во четврток, бидејќи во петок ве очекува прекрасна вечер.
Бик
Кажете им здраво на длабоките мисли. Оваа недела ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптеретувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но, вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди. Крајот на неделата искористете го за одмор и поминете една вечер со партнерот во опуштена атмосфера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.
Близнаци
Можеби е време да престанете да ги трошите парите без да размислите. Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. За време на викендот партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него. А оние кои не се во врска, можеби сабота ќе биде полн погодок за нив.
Рак
Забава, забава, забава. Тоа е зборот со кој би можел да се опише неделата која ви претстои. Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем секој ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте ги и секојдневните обврски и работата. Срамежливоста ќе ја замените со комуникативност, па немојте да се изненадите доколку запознаете некоја нова личност.
Лав
Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни, бидејќи ве очекуваат пресврти за кои не ни помислувате. Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто интересно.
Девица
Вашиот натпреварувачки дух ќе биде на највисоко ниво во неделата која ви претстои. Вашата амбиција и креативност ќе направат да напредувате повеќе на работното место. Неделава ќе добиете неколку покани за забави, но, повеќе ќе сакате да останете дома и да се посветите на семејството и секако на вашиот партнер. А за оние кои се сингл, не одбивајте ги поканите, можеби ве очекува некое изненадување.
Терезија
Гламур, гламур… бидете подготвени да им го одземете здивот на сите со вашето присуство. Едноставно, ќе блескате, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Оваа недела исто така ќе ви биде полн погодок и на работа, бидејќи ве очекуваат пријатни моменти со колегите. Можеби секојдневните обврски ќе прават за се чувствувате уморно, па затоа потрудете се да вежбате што повеќе за да добиете повеќе енергија и да се чувствувате здраво.
Скорпија
Деталите се она што ќе ви биде најважно неделава. Но внимавајте, вашиот перфекционизам може и да ви донесе проблеми. Како и да е, ова ќе биде позитивна недела за вас. Ќе се чувствувате среќно и ќе бидете полни со енергија. Искористете го слободното време за читање на некоја добра книга. Очекувајте изненадување од некој кој не сте го виделе долго време.
Стрелец
Престанете да се оптоварувате со тоа што мислат другите за вашите постапки. Правете го она што мислите дека е исправно и слушајте го вашето срце. Ќе потрошите многу пари средувајќи го вашиот дом, но така барем ќе се чувствувате удобно дома. Држете се што понастрана од оние кои само ви делат комплименти, тие се љубоморни на вашите успеси.
Јарец
Секогаш сте биле силни и решителни, па така и овој пат лесно ќе се ослободите од проблемите кои ќе ви се појават. Посветете повеќе внимание на блиските пријатели, бидејќи тие се секогаш тука за вас. Шармот кој го поседувате сѐ повеќе луѓе ќе го приметуваат и тоа ќе биде пресудно за пронаоѓање на нова љубовна романса, или пак за разгорување на старата страст.
Водолија
Ве очекува недела исполнета со стрес, па наместо да ги чувате чувствата во себе, кажете им гласно на другите како вие навистина се чувствувате. Можеби некој ќе ви даде некој совет и ќе успеете да решите некој проблем. Можеби ова е неделата во која желбата за патување и запознавање на различни култури ќе ја сфатите сериозно и ќе отпатувате некаде. Не мешајте го партнерот во вашите проблеми, едноставно кажете му колку ви значи.
Риби
Во неделата која ви претстои можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Оваа недела ќе ви биде полн погодок!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст