| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителката збунета – На Заев му постави едвај 2 прашања за „Поткуп“

Обвинителката, Валентина Бислимовска, од одделението за организиран криминал и корупција, која беше избрана во јануари, без ниеден приговор го проследи испитувањето на обвинетиот Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, кога директно го испитуваше неговиот адвокат проближно еден час.

Таа потоа во вкрстеното испитување, му постави само 2 прашања на Заев односо дали имало досега пријава за неговата работа како градоначалник и дали се поврзани бомбите со снимката од кабинетот на Заев.

Таа, откако судијката Кацарска се насмевна и и’ рече да го преформулира прашањето, ги дополни: “Во таа смисла, сакав да кажам…” Сега на ред е судот кој го испитува Заев.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. За 15 мај е закажано уште едно рочиште.

макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top