| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент синоќа во Чаир: Го нападнале, па тргнал да се одмаздува со секира – соседите го спречиле

Вчера е пријавено дека околу 23.00 часот во Скопје на улица “Коста Абрашевиќ“ во Чаир, настанала расправија помеѓу О.Ш. (31) и О.Џ. (33) од една страна и Ш.Х. друга страна, при што двете лица физички го нападнале Ш.Х.

Истиот по нападот од неговиот двор земал секира, но од страна на соседите истата му била одземена и лицето било спречено во намерата да нападне со неа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top