| четврток, 6 декември 2018 |

Пола нација на „диазепам“

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран раст во изминатите години.

Во 2017 година на товар на ФЗОМ во ПЗУ аптеките биле реализирани вкупно 23.090.780 рецепти во износ од 2.786.093.249 денари.

Во споредба со претходната година, во 2017 година бројот на рецепти е зголемен за околу 3,7%, a вкупниот фактуриран износ е зголемен за околу 6,1%. Во однос на 2008 година, потрошувачката по број на рецепти бележи раст од 124,5%, а а вкупниот износ за истите е зголемен за 111,2%. Просечната потрошувачка на лекови, според бројот на реализирани рецепти по осигуреник, за 2017 година е 13,1 рецепти, што претставува раст од околу 9,01% во однос на 2016 година.

Раст на просечниот број рецепти по осигуреник во 2017 година, во однос на 2016 година, се забележува во сите региони.

Најкористен лек во 2017 година во Македонија, како и во претходните години, е лекот „еналаприл“ со вкупно 2,08 милиони реализирани рецепти, што претставува 9,01 % од вкупно реализираните рецепти во 2017 година, покажуваат најновите податоци на Фондот за здравство.

На второто место е лекот „метформин“, а на третото место „диазепамот“ со реализирани над милион рецепти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top