Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди (М5С), Луиџи ди Мајо, синоќа, првпат откако изборите во Италија на 4 март завршија без јасен победник, предложи премиерот да го избере заедно со лидерот на екстремнната десничарска партија Лига, Матео Салвини.
Се до сега Ди Мајо инсистираше тој да биде нов премиер, но сега на Лигата и даде понуда во обид земјата да ја извлече од политичкиот застој кој трае повеќе од два месеци.
– Ако целта е на дело да се спроведе изборната платформа, а пречката е Луиџи ди Мајо како премиер, тогаш велам ајде заедно да избереме премиер, рече Ди Мајо во интервју за државната телевизија РАИ.
До овој чекор дојде во пресрет на третата и можеби последна рунда формални консултации со претседателот Серџо Матарела. Движењето Пет ѕвезди ќе се состане со претседателот денеска претпладне, додека Лигата, која ја предводи делегација на десниот центар, во претседателската палата ќе дојде еден час подоцна.
Иако Ди Мајо ја отстапува функцијата премиер, и понатаму инсистира на тоа својот потенцијален коалиционен партнер да го напушти својот сојузник, поранешниот премиер Силвио Берлускони, кого Движењето пет ѕвезди го смета за симбол на политичка корупција.
– Топката сега е во дворот на десниот центар, истакна Ди Мајо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст