Вицепремиерот за економски прашања, одговарајќи на новинарско прашање, денеска порача дека нема намера да и се извини на Слаѓана Тасева, која претходно се пожали дека Анѓушев несоодветно реагирал откако Транспаренси Интернешнл изрази сомнеж кон стечајната постапка на комбинатот Фени.
-Јас единствено ја прашав госпоѓата Тасева зошто пред да го спомене моето име не побара мислење од мене затоа што мислам дека тоа е професионално. И воедно само да кажам дека не е добро да се постапува по претставки на тие што го создадоа проблемот, туку треба да се види пошироката слика и да се истражува подлабоко – рече Анѓушев.
Тасева: Кочо Анѓушев ми се закани, ќе тужам, ќе одам до крај, знаеш ли кој сум јас?
Вицепремиерот не гледа причина ниту да им се извини на новинарите кои јавно се пожалија дека се мешал во начинот на кој тие известуваат.
Говорејќи на иста тема, пред неколку дена министерот за комуникации Роберт Поповски изјави дека премиерот Зоран Заев се извинил во име на член на влада, но Анѓушев смета дека никој нема нема потреба да се извини за нешто што тој не го сторил.
-Па премиерот Зоран Заев се извини во име на член на владата , ви значи ли тоа нешто, додаде Поповски.
-Ниту сум имал ниту имам намера со некој негативно да комуницирам по ниедно прашање, а далеку од тоа дека на некого сум му се заканува. Не треба да се прави сензационализам од такви работи. Факт е дека ФЕНИ денес работи и фабриката ќе има иднина, иако можеби некому тоа му смета – нагласи вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст