| четврток, 6 декември 2018 |

На каков маж „паѓаат“ сите жени?

На каков каков маж „паѓаат“ денешните жени? Според спроведена анкета ова се четирите пресудни критериуми:

1. Популарност

Мажите им делуваат попривлечно на жените, доколку се популарни помеѓу останатите припаднички на понежниот пол, тврдат научниците.

Постои теорија дека повеќето од нив „паѓаат“ на оние кои се веќе во врска, затоа што ова им е некаков сигнал дека тие се пољубезни и поверни.

Во женските очи, ваквата карактеристика го прави мажот добар материјал за партнер.

2. Пари

Истражувањата покажуваат и дека ако мажот е финансиски стабилен, поголема е веројатноста да им биде привлечен на жените.

За разлика од нив, припадниците на посилниот пол не се толкави материјалисти. Ним физичкиот изглед на партнерката им е пресуден, a не парите што таа ги има.

Платата на потенцијалниот партнер е четирипати поважна за жените одошто мажите, откриваат резултатите објавени во Daily Mail.

3. Mускули

Секако – високите и добро градени мажи и понатаму високо котираат кај жените. Австралиските научници спровеле мини истражување на оваа тема, во кое зеле учество стотици испитанички.

Прикажувани им биле фотографии од разголени мажи до половината, чиешто лице не се гледало. Тие ги оценувале колку им е атрактивен секој од нив.

Резултатите потврдуваат дека најдобри оценки добиле оние кои изгледаат силно и моќно, поточно со мускулести раце и дефинирани стомачни мускули.

4. Интелигенција

Покрај физичкиот изглед и богатството, одредени жени посебно ги вреднуваат карактерот и интелигенцијата на мажот.

Според скорешно универзитетско истражување, секоја десетта особа смета дека е интелигенцијата им е најпривлечната карактеристика кај идниот партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top