| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Зоран Заев игра валкана политичка игра со Албанците

Заев ја губи довербата кај албанскиот електорат, па развива план за деградирање и понижување на албанската политика, смета довчерашниот коалициски партнер во Владата Зијадин Села. Според претседателот на Алијансата за Албанците Заев ги придобива албанските политичари со уцена да внимаваат што ќе кажат во јавноста доколку сакаат да бидат дел од владината коалиција.

„Во демократија, опозицијата е орган на суверенитетот на граѓаните, многу витален, колку и самата власт. Да ја притискаш опозицијата, значи да ги притискаш граѓаните. Толку би кажал сега за сега за валканата неколумесечна политичка игра на премиерот Заев. Заведува и не избира! Тоа е продолжување на планот кој е отпочнат уште од објавувањето на „бомбите“ за деградација на политичките албански фигури, што рака на срце не е многу сложено, со тоа што го има на сцена“, напиша Села на својот Фејсбук профил.

Премиерот Заев вчера потврди дека биле доставени понуди до двете крила на Беса и до ДПА за влез во владината коалиција. Од БЕСА на Африм Гаши рекоа дека утре ќе заседава партиското Централното претседателство на кое ќе се одлучува дали ќе го прифатат понуденото министерско место.

-Реконструкцијата на Владата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите со коишто разговаравме. Викендот ќе се искористи веројатно од сите партии со коишто разговарав, и кај нас, исто така во СДСМ, но и во коалицијата да размислуваме. Ако отприлка кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со одлуката за Влада, мислам на министри и заменици, а после тоа ќе продолжиме да разговараме за директори, заменици директори и слично, изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top