| четврток, 6 декември 2018 |

Тетова1- Хоџа: Еве кои два политичари Албанци ме посетија во Скопје

Ми велат: Командант сето добро со вработувањето, но овие од СДСМ многу прават маркетинг со твоето име.
Но кој ги спречуваше 10 години албанските партии да дојдат да ме посетат во Танушевци. 10 месеци во Скопје единствени политичари кои ме посетиле и ми посакале добредојде се Весел Мемеди и Ѓулумсере Касапи.

Што сум крив јас што Заев се покажа попаметен од нашите политичари и донесе одлука да ме спушти од планините и да ми даде колку и да е мала функција во владата. Кој им нареди на албанските партии да ме остават 10 години по планините и зошто албанските партии кои биле и се на власт не му го зедоа бајракот на Заев од порано и да си направеа маркетинг за себе.

Не сум член на ниту една политичка партија. Ако одлучам да влезам во политиката аукцијата ке биде јавна . Критикувајте колку сакате но на мојот ФБ има 40 илјади кликови, лајкови и коментари, што значи десетици илјади гласачи кои се израдувале за мене, Алах да ги израдува, и чекаат од мене да им ги олеснам проблемите.

Се јави командант Хоџа: Се работи за функција за да преживеам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top