| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот ја води најважната битка, кој е Сер Алекс: Бил прогласен за неталентиран, Бекам го удри со копачка, што му кажал на Кантона?

Можеби најголемиот тренер во историјата на фудбалот е 76 годишниот Сер Алекс Фергусон, на клупата на својот Манчестер Јунајтед помина цели 27 години.

76 годишниот Сер Алекс Фергусон, легендарниот шкотски стратег кој одбележа една фудбалска ера во Манчестер Јунајтед на чија клупа беше 27 години, се бори за живот во одделот за интензивна нега во болницата во Салфорд.

Фергусон имаше мозочен удар, лекарите мораше итно да го оперираат поради крварење во мозокот. Операцијата поминала добро, семејството е со легендарниот Шкот, но за прогнози е се уште прерано.

Кој е Сер Алекс?

Го однел тимот во војска, Гигс и Инс заложници

Алекс Фергусон за периодот поминат во Манчестер Јунајтед освои дури 13 титули шампион на Англија, два пати беше шампион на Европа, а со својот тим освои вкупно 38 трофеи.

Фергусон на играчите на тренинг често знаел да им каже на своите играчи да погледнат во небото и да ги следат птиците преселници, додека им летале во В- формација на главата.

Секоја од нив на патувањето долго 4.000 милји имала своја позиција, како би се створил совршено дизајниран строј. Потоа би додал:

-Ако сега смеам тоа да го направам, дајте ми 38 натпревари да го освојам првенството.

Тој како тренер бил исповедник, мотивациски говорник, свештеник, порота, крвник, господар, марионета и инспиративен лик- а се тоа во само еден ден.

Сакал да разговара со келнерката во клупскиот ресторан Карол, додека Рајан Гигс истакнал дека има неверојатна способност на секој да му го запамети името, на рецепционерката Кет, девојките кои ги переле дресовите, готвачите, чистачките…

-Имате 65-70 играчи, плус од академијата, што е додатни 30 или 40 и го знаеше секого, затоа што се занимаваше со нивната работа и напредок, кажа за него Рајан Гигс.

Во една прилика Фергусон го повел тимот во посета на британската воена единица САС, а Гигс и Пол Инс морале да глумат заложници кај киднаперите во облик на картон.

-Седевме на маса, а светлата потоа се исклучија и само слушнавме „доле, доле“, што веднаш и го направивме. Слушнавме пукање и светлата се запалија. После тоа до нас беа четири или пет војници со очиња за ноќно гледање. Беше тоа секако одлично искуство, кое никогаш нема да го заборавиме, кажа Гигс.

Бекам, пази копачка

Играчите го обожаваа

Кристијано Роналдо посебно го запамети кога му излезе во пресрет кога татко му падна во кома.

-Му кажав дека не се чувствувам добро и дека сакам да го видам татко ми. Ми одговори: „Кристијано, сакаш да отидеш ден, два или недела, слободно оди. Ќе ми недостасуваш овде зошто си важен, но твојот татко е на прво место“.

-Кога му го кажа тоа, помислив дека е неверојатен. Ми беше како фудбалски татко, раскажа Португалецот.
Но, децата некогаш знаат да бидат лоши, а Сер Алекс и тоа го решаваше на свој начин.

Да се потсетиме, Дејвид Бекам доби копачка во глава.

Беше тоа во 2003 година, Јунајтед изгуби во ФА Купот, а Бекам беше во својот свет, чекајќи трансфер.

Се гледаше дека тоа не е оној стар Бекам, немало таму веќе волја и залагање како претходно и Алекс тоа го забележал. Дејвид нешто опцул додека зборувал Алекс и тука Шкотот полудел. Раздалеченоста меѓу нив двајца била околу 10 метри.

-Меѓу нас имаше копачки, удрив една и го погоди Дејвид над окото. Следниот ден и кажав на управата дека мора да замине, раскажа Сер Алекс Фергусон.

Ако мислите дека случајно го погодил Дејвид Бекам, можеме да кажете дека грешите, тој пред да стане можеби најдобриот тренер во историјата, бил фудбалер.

Како напаѓач играл за тимовите на Квинс Парк, Сент Џонстон, Данфермлајн, Ренџерс, Фалкирк, Еир Јунајтед, тимови за кои на 317 натпревари постигнал навистина завиден број на голови, а тоа се 171 гол, а на 7 натпревари за шкотската репрезентација постигнал 9 голови.

Значи можеме да кажеме дека популарниот Ферги бил и успешен како фудбалер од нападот.

Првата тренерска работ: Работел за 40 фунти

Иако неговиот татко бил голем навивач на католичкиот Селтик, Алекс навивал за протестантскиот Ренџер. Во Глазгов се венчал за католкињата Кети. Вниманието на Ренџерс го привлече давајќи им три гола на Ајброкс како фудбалер на Сент Џонстон.

Трансферот изнесувал рекорди во тоа време 179.000 долари.

-Мислев дека поради сопругата нема да ме прифатат во Ренџерс, изјавил Фергусон.

Во Ренџерс не се прославил, а поради повреда играчката кариера ја завршил со 32 години.

Таа 1974 година се одлучил за тренерска работа во Ист Стирлинг. Неделно добивал по 40 фунти. Бидејќи немал голман, на гол морал да стави играч.

Ниту почетокот во Јунајтед не бил најдобар. Од 27 играчи 22 имале проблеми со килограмите. Сите ги средил.

Во Сент Мирен работел од 1974 до 197 и од просечен третолигаш го донел тимот до највисокиот ранг. Просекот на години на тимот бил 19, а капитенот имал 20 години, но тоа е единствениот тим каде што Алекс добил отказ. Газдата Вили Тод го прогласил за неталентиран и го отпуштил.

Приказна од соблекувалната: Што му кажал на Кантона?

Селхарст Парк, 1995 година, Манчестер Јунајтед игра против Кристал Палас. Јунајтед дава гол за 1:0 преку Дејвид Меј, Герет Саутгејт погодил за конечни 1:1.

Да, тоа е оној натпревар, еден од најлудите во кариерата на Ерик Кантона, кој откако доби црвен картон, се залета кон трибината со домашни фанови и еден навивач го удри со нога.

Алекс Фергусон како тренер важел за се само за мирен тип не. Но Ерик Кантона пак беше се само обичен фудбалер не. Минатата година се дозна и што точно му кажал Ферги во соблекувалната. Откри Ли Шарп, кој тогаш играше како играч од средниот ред за Манчестер Јунајтед.

-Седиме во соблекувалната со паднати глави, Фергусон влегува бесен како рис. Ја удри врата, ја соблече јакната и ги крена ракавите. Пареа му излегуваше од ушите, на устата пена, почна Шарп, потсетувајќи се на мачните сцени и бесот на Фергусон.

На средината од соблекувалната имало маса со топки и дресови кои играчите на Јунајтед требало да ги потпишат, шолји со чај, сендвичи, но за кратко ништо од тоа немало.

-Се леташе низ соблекувалната. Сите бевме прекриени со сендвичи од јајца, се погледнавме еден со друг и си мислиме: „Јеб*га, Кантона е сега готов“.

-И почна Фергусон: „Е*бен Палистер, не знаеш да играш со глава, не знаеш да направиш клизач… Инси, кај беше ти по ѓаволите? Шарпи, па мојата баба трча побрзо од тебе! Сите сте е*ена срамота! Утре ќе ве уништам на тренинг. И да, Кантона, сине, не можеш да одиш наоколу и да правиш онакви работи, му кажа со потполно различен, далеку посмирен тон“, раскажува Шарп, кој денеска работи како фудбалски аналитичар на Островот.

Фабрика за трофеи

Алекс Фергусон за 27 години на клупата на „Црвените ѓаволи“, го одбележа не само англискиот, туку и светскиот фудбал.

Вкупно освои неверојатни 38 трофеи.

На Олд Трафорд пристигна на 6-ти ноември 1986 година. На првиот трофеј чекал до 1990 година кога го освои ФА купот. Првата титула првак на Англија ја освои во 1993 година.

Со Јунајтед вкупно освои 13 титули шампион на Англија, пет ФА купови, четири Лига купови, десет Комјунити Шилд, два трофеи во Лигата на шампионите, еден Куп на победниците на куповите, европски Суперкуп, Интерконтинентален куп, Светско клупско првенство. Мора да се признае навистина импресивно.

Во највисокиот ранг во англискиот фудбал Јунајтед го водел на неверојатни 1033 натпревари. Победил во 624 меча, изгубил 172, а имал и 237 нерешени резултати.

Нема што друго да се каже освен ЛЕГЕНДА, која доби многу битки во својот живот, па нема зошто да не ја добија и оваа, можеби досега најважната во неговиот живот.

skopje24.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top